Пари, поштенски, марки, коверти и уплатници се украдени викендов од подружница на Македонска Пошта АД Скопје во скопското село Арачиново, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Непознат сторител со употреба на погоден предмет ги исекол решетките на прозорецот на поштата во Арачиново, влегол внатре и украл каса во која имало 17.500 денари, еден жиг со логото на поштата, поштенски марки, коверти, уплатници со вредност од околу 33.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот