Редакцијата на „Нова Македонија“ во текот на изминатата вечер беше цел на крадци, кои успеале да украдат дел од техничката опрема на весникот
Станува збор за провална кражба извршена со обивање на заштитната решетка и кршење прозорец од редакцијата.
Вработените веднаш по доаѓањето на работа го пријавија случајот во полиција, по што екипи од МВР, меѓу кои и крим-техничари, извршија увид на местото на настанот. Точната бројка и вредноста на украденото с? уште се истражуваат, но според првичните процени, станува збор за штета од неколку десетици илјади евра. Истрагата за немилиот настан и идентификувањето на крадците се вршат со засилено темпо.