ТРАГЕДИЈА НА СНИМАЊЕ ФИЛМ: Паднал плафон и убил човек од екипата (ВИДЕО)


Едно лице загина, а две се повредени на снимањето на новиот филм на Мартин Скорсезе.

Филмот „Тишина“ во моментов се снима во Тајван, а до несреќата дошло кога работници се обиделе да го поправат таванот на зградата на едно од студијата во кое се снимале дел од сцените.Snimanje-filma-Martin-Skorseze-620x350

Според пишувањето на британските медиуми, продукцијата оценила дека постои можност таванот да се сруши, па повикани биле работници за соодветно да го обезбедат.

Сепак таванот се срушил и еден од нив загинал, а двајца се повредени. Продукцијата соопштила дека жали поради оваа трагедија, а ќе се утврдуваат и околностите под кои настанала несреќата.

Во филмот „Тишина“, кој Скорсезе сака да го снима повеќе од десет години, се работи за два свештеника од 17 век кои патуваат во Јапонија за да го шират христијанството и да го пронајдат својот ментор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1