На 31 мај покрај земјата ќе прелета астероидот 1998 QE2, кој е долг 2,72 километри, објави весникот Лос Анџелес Тајмс.
Научниците не знаат од каде доаѓа монструозната вселенска карпа, која беше откриена од астрономите пред 15 година.
Добрата вест за луѓето е дека 1998 QE2 ќе помине на околу 5,7 милиони километри од нашата планета.
Научниците ќе го следат кога минува крај земјата, со надеж да најдат повеќе информации за потеклото и составот на астероидот. Тој ќе биде набљудуван од антените на Дип Спејси во Голдстоун, Калифорнија и опсерваторијата Аресибо во Порторико.
Експертите ќе можат да внимаваат на вселенската карпа од 30 мај до 9 јуни.