Голем пожар избил пред малку во стан во скопската населба Капиштец, ниту полицијата, ниту противпожарната бригада во моментов немаат повеќе информации.

Од Министерството за внатрешни работи за Нетпрес велат дека пожаро избил во 13,25 во стан на улицата Васил Ѓоргов број 28, но засега немаат информации за повредени лица или пак причинета материјална штета. Причините за пожарот засега се непознати.
Очевидци велат дека се работи за стан лоциран на седмиот или осмиот кат и дека од сите страни се шири чад и пламени јазици.
Нетпрес