Скопјани внимавајте на своите деца: Педофил нападнал четири девојчиња во Карпош 4


Вчера попладне околу 15.50 часот, на улицата „Соле Стојче„ во населбата Карпош 4 во Скопје, педофил нападнал 4 девојчиња на возраст од 7 до 8 години.

velika-britanija-pedofil-1328585176-31983Додека девојчињата си играле пред влезот од зграда, им се приближило непознато лице со откопчани панталони и повлекло за рака едно од девојчињата. Според Сител, малолетничките успеале да побегнат и да повикаат помош. Откако слушнале за инцидентот, родителите на девојчињата ја повикале полицијата, која тргнала во потрага по манијакот, објавува Сител.

Девојчињата и нивните родители дале свои изјави во полициската станица во Карпош. МВР работи на откривање на сторителот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1