Огромен астероид ќе мине крај земјата вечерва


Сите очи впрени кон небото Планетата земја се подготвува за блиска средба со огромен астероид, кој за среќа ќе мине на безбедно растојание.

Вечерва околу 1 часот и 30 минути по полноќ астероидот „2002 АМ31“  ќе внесе „малку“ драматизација во скромните вселенски познавања на „Земјаните“. Судир со астероид со ваква големина ( пречник од скоро 1 километар – што е еднакво на еден градски блок ) би значел вистинска катаклизма на Земјата, со непоправливи последици за човештвото.

Според прецизните мерења „2002 АМ31“ ќе мине на растојание од околу 5.200.000 км( ова растојание е за  14 пати поголемо од растојанието меѓу Земјата и Месечината). Со пречник од скоро 1 километар спаѓа во групата„близу-Земјени објекти“.

Сепак научниците смируваат овој џиновски камен нема шанси да ја „смачка“ нашата планета – барем засега, велат во одреден момент во далечната иднина ова може да биде сериозна закана за Земјата. Минувањето на астероидот може да се следи во живо на страницата SloohSpaceCamera која го набљудува небото преку опсерваториите на Канарските острови и во Аризона. Ова ќе биде најблиското минување на „2002 АМ31“ до Земјата.

Вселенските случувања се непресушен извор на идеи за голем број Холивудски филмови. Во вакви ситуации обично бираме неколку херои ( секогаш од САД и Русија) и тие бестрашно одат да да го „распукаат“ астероидот со атомска бомба. Овојпат за среќа нема да има потреба од такви егзибиции, ќе го следиме астероидот од безбедна далечина.

Share Button

Tags: ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1