Спонзоруши ги бркале играчите на Патризан за време на погреб


Погребот на Коса Стојковиќ (62), мајката на голманот на Партизан и српската репрезентација Владимир Стојковиќ, била причината за убавиците од Лозница да се соберат на едно место и да ја пронајдат љубовта на својот живот.

Кога слушнале дека на последното испраќање на професорката по гимназија, доаѓаат сите соиграчи на Стојковиќ, девојките ги окупирале сите козметички салони во градот, поради што извисија постарите госпоѓи во градот.
„Со години одам во истиот салон и никогаш не се случило да нема слободен термин. Сега ќе одам на роденден кај една од колешките и ќе изгледам како страшило“, се пожалила една од постарите граѓанки на Лозница.
И сопственичките на еден од козметичките салони потврдила дека во целиот свој работен век никогаш не доживеала толкава гужва.


„Фарбање, фенирање, шишање, педикир, маникир и солариум. Сите термини во два дена ни беа зафатени. Две клиенки ми дојдоа со фотографии од Викторија Бекам и ми побараа да им направам фризури како нивните“,возбудено зборуваше една од сопственичките на салоните. Таа соопшти дека меѓу девојките најмногу озборуван бил најмладиот Лазар Марковиќ.
„Мене тој ми е супер. Нема врска што е млад. Такви се најдобра прилика“, вели 25 годишната граѓанка од Лозница Елена П.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1