Астероид широк околу 2,5 километри ѝ се приближи на Земјата потврди американската агенција за вселенски истражувања NASA, а научниците очекуваат дека во следните 24 часа ќе мине покрај планетава на оддалеченост од 25 милиони километри.
Како што пренесуваа британските медиуми во саботата, астероид широк само 400 метри може да ја уништи Земјата.
За среќа, NASA соопшти дека астероидот 86666 (2000 FL10), кој во моментов патува со брзи поголема од 64.000 километри на час, „не претставува закана“. Тие потврдуваат дека станува збор за еден од најголемите астероиди кои ќе минат блиску до Земјата во последниот период.
Овој астероид првпат е забележан во март 2000 година и многу научници нагаѓаа дека може да ја погоди Земјата. Дури беше објавувано на интернет дека најверојатно ќе падне во Порторико во септември и ќе предизвика катаклизма на планетава.
Од NASA ги отфрлија ваквите шпекулации. Нејзините експерти тврдат дека ризикот од удар на астероид во Земјата во следните стотина година е занемарлив.