Уште една сообраќајна несреќа, загина 23 – годишно момче!


Утрово во 7:20 часот се случила уште една сообраќајна несреќа на патот Битола – Демир Хисар поточно пред село Лопатица. Во сообраќајната несреќа животот на лице место го загуби 23 – годишниот Валентин С. од Демир Хисар.

Ова е една од двете сообраќајки со загинати во близината на Битола за само неколку часа. nesrekja soobrakjajka policija pat

Утрово во 02:55 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, во близина на мостот на река Шемница се случила сообраќајна незгода.

Во истата најпрво учествувале две патнички моторни возила “Хјундаи Пони” и “Ауди” и двете со битолски регистарски ознаки, додека пак поради лошите временски услови дошло до судир и на уште пет патнички моторни возила.

На местото на настанот од здобиените повреди починал Пеце К.(32) од возилото „Хјундаи Пони“, додека пак со повреди се здобиле уште четири лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1