На кинеските гробишта Хаихункоу во Нанчанг, археолозите откриле огромно богатство – околу 20.000 златници и предмети стари повеќе од две илјади години, за кои е невозможно да се процени нивната пазарна вредност.
Се претпоставува дека гробот во кој е пронајдено златото му пропаѓал на Лу Хеу, внукот на моќниот цар Ву од Хан, кој владеел со Кина од 141 до 87 година пред новата ера.
Археолозите го истражуваат ова подрачје во главниот град на југоисточната кинеска провинција Јианкси во последните пет години и го сметаат за најсочувана кралска гробница на династијата на Западен Хан.
Досега се откриени повеќе од 10.000 предмети од бронза, сребро и злато со важна културно-историска вредност.