Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Масачусетс успеале да го спречат развојот на Дауновиот синдром во човечките клетки во лабораторија и изјавиле дека овој нивен успех набрзо би можел да овозможи лекување на генетското пореметување кое што се карактеризира со препреки во развојот во различен степен од животот, карактеристичен физички изглед и поголема склоност кон огромен број на заболувања.
Со додавањето на генот наречен “XIST” во човечката матична клетка со Даунов синдром, американските научници “вметнале” дополнителна копија на хромозомот 21, што претставува огромен напредок во борбата за лекување на ова нарушување со генетска терапија.
Овој огромен напредок ја прави генетската терапија против Дауновиот синдром пореална од било кога, па затоа научниците сега ќе се посветат на нејзино дополнително истражување и имплементирање во напредната медицина.