Охрид: Нашле ,,пикавец,, во леб (Фото)


Охриѓанецот Сашо Јанкоски во лебот што го купил во еден од супер маркетите во Охрид пронашол отпушок од цигара, пишува порталот Охрид 1.

gleb-so-otpusok-Лебот е од пекара од Охрид. Рекоа дека сега фирмата се викала со друго име, откако претходно отишла во стечај, па отвориле нова фирма под ново име. Во моментов го чекам газдата на пекарата да му го покажам лебот. Сепак се работи за отпушок, може да има и бактерии, па за тоа треба да си размисли и газдата.

Мене не ми треба лебот да ми го вратат. Децата мои половина леб имаат изедено, кога дојдоа до половината на лебот се пронајде пикавецот. Фотографиран е лебот заедно со отпушокот од страна на фотограф и вработени во супер маркетот каде го купив, вели Јанкоски. Тој додава дека ќе поднесе тужба против пекарата за да побара надомест на штетата.

-Продавачките го отворија лебот за да може да се види добро, а ако со газдата не најдам заеднички јазик ќе покренам тужба против пекарата, вели Јанкоски.Тој додава дека најмногу го погодило тоа што неговите деца веќе изеле половина леб и сега стравува за нивното здравје.

извор – Охрид1

leb2

gleb-so-otpusok

leb3

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1