Снабдувањето со електрична енергија во регионот на Струга, Охрид, Ресен кои подолг период беа без напојување поради дефектот на далноводите на АД МЕПСОП полека се стабилизира, а попладнево беше саниран дефектот на далекуводот Ресен – Охрид и беше воспоставено нормално снабдување, соопшти ЕВН Македонија.
Од таму информираат дека МЕПСО дополнително интервенира и затоа неколку часа повторно овој регион ќе биде без струја. напојување.
„По завршувањето ќе биде нормализирано снабдувањето во Охрид, Ресен и Струга. Сè уште има прекин на 110 кВ врска на АД МЕПСО од Вруток кон Шпиље, тоа е втората врска за Охрид и Струга“, се наведува во соопштението.
Во моментов екипите на ЕВН работат и на отстранување на дефектите на улиците во Охрид каде што има искинати кабли и урнати столбови, а голем проблем за екипите е непроодноста на патот од Струга до Дебар, па затоа дополнителни екипи не се во можост да стигнат на отстранување на дефектите во дистрибутивната мрежа. ЕВН најави дека штом патиштата ќе бидат расчистени, екипите ќе стигнуваат навремено да ги отстранат дефектите.