Јавете се во црвен крст ако видите бездомник – да го згрижат на ладново време (Телефони)


Од денес е во тек е акција за згрижување на бездомниците во Скопје. Тимовите на Црвениот крст на Град Скопје патролираат низ Скопје од 19 до 22 часот за да пронајде бездомници и да им понуди 24 часовно згрижување на бездомниците во Прифатилиштето за бездомници во Момин Поток.

bezdomnik1Бездомниците ќе добијат топол кревет, бања, облека, храна и пијалаци. Во прифатилиштето ќе биде обезбедена и поддршка од лекар, психолог и социјален работник.

Патролните тимови ќе делат и ќебиња, вреќи за спиење и топол чај, наменети за сите оние што нема да сакаат да се сместат во прифатилиштето.

Во акцијата за згрижување на бездомниците можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје со донирање  облека, храна, средства за хигиена и ќебиња

Граѓаните можат да ги пријават и локациите каде ќе сретнат бездомник на следниве телефонски броеви:  070-250-054; 070-317-803

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1