ВАЖНО: Не излегувајте од дома со возило ако не прочитате – Еве што се случува на патиштата во Македонија


АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Во прекин за тешките товарни возила е сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево кај Пресека, додека за патничките постепено се оспособува патниот правец и во моментов се одвива по една коловозна лента, а во наредните неколку часа се очекува комплетно негово оспособување.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради остатоци од снег на патнитe правци Гостивар – крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка,Тетово – граничен премин Јажинце, Дебар – Струга, Буково и Ѓавато има забрана за движење на тешки товарни возила.

pat nokj sneg 2

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот . Слаб снег префрла само на пл.превој Стража.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ИНФОРМАЦИЈА: Од 15 ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март 2015 година. Повеќе информации за зимската опрема ќе најдете на овој линк.

РАБОТИ НА ПАТ:

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и работници, препорачуваме внимателно возење и почитување на времената сигнализација, а повремено кога се врши асфалтирање можно е и времено затворање на патниот правец.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

Од ГЕИНГ инженеринг известуваат дека за потребите за “Извршување на геотехнички истражни работи и изрботка на Технички решенија – Основен проект за санација на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони – свлечиште на патот Р1202 Маврово – Дебар”, на стационажа од км 45+775 до км 45+825 се изведуваат геомеханички истражни работи на патот. Активностите се изведуваат од 23.12.2014 до 29.12.2014. Во текот на извршување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено.

Од ГЕИНГ инженеринг информираат теренските активности (геодетско снимање и геотехнички истражни работи) кои се извршуваа на следните патни правци: Р2335 (Р-512), делница Кривогаштани-Обршани-Воѓани; Р2343 (Р-502), делница Делчево-Голак; А-3, делница Превалец (Кочани)-Делчево; Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани-Ропотово-Црнилиште (Општина Долнени) и делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево, како дел од државен пат Р1402 (Р-605), се завршени.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

ВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ: Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1