Охрид се тресе 18 дена- нов посилен земјотрес синоќа, повеќе послаби изутринава


18 дена Охрид не престaнува да се тресе . Земјотрес со јачина од 3.8 степени според Рихтер е почувствуван утрово во главниот туристички центар и околината.

Епицентарот бил во раседот помеѓу селата Косел, и Јанкоец. Најсилниот беше 5 минути после полноќ чија магнитуда достигна 4,1 според Рихтер а по него следеа и неколку помали потреси.

Новите земјотреси во текот на ноќта ја зголемија паниката и вознемиреноста кај граѓаните. Многумина ноќите ги минуваат на отворено во своите автомобили на паркинг места во шатори а има и таки кои ги напуштат своите дмови селејќи се кај блиски роднини или пријатели во околните градови.

Зголемен е бројот и на посети и повици во брзата помош од страна на пациентите од страв вознемиреност па се до панични напади за среќа нема интервенција за повреда или траума како резултат на земјотресите.

Надлежните апелираат на смиреност а кризниот штаб постојано е на терен се утрдува стабилноста на објектите и се врши увид на штетите .

Инаку од денеска отврорен е и воениот камп во Свети Наум , за сместување на граѓаните вознемирени од серијата земјотреси што го зафатија градот и околината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1