Охрид: Телата на починатите ги чувал во комбе, а наплаќал и превоз и капела


Охридската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ш. (51) од Охрид, сопственик и управител на погребалното претпријатие ,,Мирен сон” од Охрид, кое е овластен оператор за вршење погребални услуги, за несовесно работење во служба.

За да има поголема добивка починатите лица за кои вршел погребални услуги, подолг временски период наместо да ги однесе во капела, ги оставал во комбето кое го паркирал во кругот на неговото претпријатие и другиот ден ги пренесувал и ги погребувал по селата. На семејствата на починатите, пак, им наплаќал и за превоз до градските гробишта, влез во градските гробишта и чување на телото на починатите лица во капела

Пријавениот, согласно Закон за гробишта и погребални услуги, бил должен телата на починатите лица да ги однесе на чување во капела во ЈП ,,Градски гробишта”, да ги подигне од таму и да ги транспортира до гробиштата каде што е закажан погребот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1