Момче во Аеродром се засолнило од дождот, сосед пробал да го силува


Во 20 часот се одвивал хорор во Аеродром кога момченце сакало да се засолни од дождот. Македонската полиција информира дека 42-годишната М.К. од Скопје пријавила дека вчера на булеварот „АСНОМ“, додека нејзиниот 10-годишен син си играл помеѓу два влеза од згради со цел да се засолни од дождот, дошол соседот кој живее во истата зграда, се доближил до него, му го земал баскетот и почнал да му покажува трикови.

Во еден момент истиот почнал да го допира детето по телото, кое се исплашило и избегало.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1