Охридски менаџер парите од свадби си ги ставал в џеб, наместо на сметка на хотелот


Менаџер на охридски хотел си ги ставал парите заработени од свадби и други веселби во џеб, наместо на хотелската сметка, соопшти СВР Охрид.

Пријавениот З.Ц. (34), во својство на одговорно лице и потписник на сметката од хотелот „Престол“ во Охрид, приходите од свадби и други веселби не ги прикажувал туку парите ги присвојувал за себе. На тој начин, фирмата која стопанисува со хотелот ја ставил во долгови со што противправно прибавил корист од  997.194,оо денари .uzima mito

Менаџерот остварениот промет го внесувал како позајмица од негово име на сметка од хотелот како би можело да се поминат платите за вработените, не ги плаќал набавките а приходите од свадбите и другите организирани забави не ги пријавувал.

Со усна наредба во 2012 година, сопствениците на хотелот кои живеат во Австралија, пријавениот од шанкер го назначиле за менаџер на хотелот. Со тоа З.Ц. го водел исплаќањето на платите на вработените, раководел со набавките и исплаќањето на роба, раководел со постапките за обезбедување на гости и нивно сместување, го изготвувал распоредот за работа на персоналот, истиот ги склучувал договорите со странките односно се што се работело во хотелот било под негова контрола.

За успешно извршување на менаџерските обврски,  сопствениците на хотелот на пријавениот му обезбедиле патничко моторно возило “Опел Астра“ кое вработените го сметале како службено возило.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1