Охриѓанец кој работи за светски познатиот бренд ‘Кензо’


Ристо Бимбилоски од Охрид е човекот кој ја етикетира Македонија како расадник на креативни умови и се гордее што е Македонец кој е рамо до рамо со врвните ѕвезди, бидејќи тие нема да се толку славни ако не ги облечат неговите парчиња, и уште понескромно е да се спомене дека врвниот француски бренд „Кензо” го бара токму неговото мислење за своите креации, пишува „Макфакс“

ristoВо моментов е дизајнер во Париз и шеф на креаторите на „Кензо” а претходно за „Луј Витон”. Својата инспирација ја бара во природата и науката со инкорпорирање на мајсторски техники, рачно плетени џемпери кои изгледаат како да се под вода, додатоци налик на песочни дини. Бимбилоски дипломирал на престижниот париски моден колеџ Дуперее, а во своето портфолио веќе ги има запишано ангажманите кај „Луј Витон”, „Тиери Муглер”, „Кензо”….

„Ме потсетуваат колку сум сонувал да заминам и да работам, еве, токму дизајнер во Париз, не во САД, туку токму во Париз”, вели модниот дизајнер Ристо Бимбиловски.

Има сопствена етикета наречена „Ристо”, а неговите креации ги носат познати личности како што се Кети Пери, Кортни Лав, блогерката Тави…, а, пак, американската трендсетерка Парис Хилтон се појави на црвениот килим во фустан од македонскиот моден креатор Ристо Бимбилоски.

„Беше многу тешко заминувањето во 1993 година, бидејќи и многу малку го познавав јазикот, но за мене тоа претставуваше личен предизвик”, додава Бимбилоски

На 43-то издание на модната недела во Хонгконг, се појавија 1.645 претставници од 23 земји, а Бимбилоски се претстави современа колекција во која се измешани зрела елеганција и бунтовен дух на темнината. Со користење долги силуети, вклучувајќи и цветни елементи, како и комбинација на различни текстури, дизајнерот создава единствен амбиент за неговата пролет/лето 2012 колекција, за која инспирација му е урбаната девојка која е бунтовничка, но во исто време и елегантна.

„Четири години со ‘Луј Витон’ и сега со машката кореографска естраваганција го обработивме тој бренд”, вели македонскиот моден дизајнер ком, според сопствено признание, соработка со познатите брендови му го олеснуваат пробивот.

„Секако многу е полесно и многу ми значат тие проекти со ‘Луј Витон’ и сега со ‘Кензо’, многу е полесно кога соработуваш со нив.”- додава Ристо кој инаку дваесет години во Париз го креира брендот „Ристо”, а моделите ги изработува во семејната текстилна фабрика во Охрид.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1