Внимавајте и Gmail внесе новина – луѓето ќе знаат дека сте ја прочитале нивната порака


Технолошкиот гигант ја претстави промената на својот сервис за електронска пошта: фотографиите во пораките ќе бидат прикажувани автоматски, со што компанијата ги прави пораките посигурни, тврдат од компанијата. Но, закопана пред сите овие информации стои една поинаква слика.

20131214-so-novata-promena-na-gmail-lugjeto-kje-znaat-deka-ste-ja-prochitale-nivnata-poraka-mПромената значи и дека луѓето и компаниите кои Ви праќаат пораки ќе може да дознаат кога сте ги отвориле и прочитале истите бидејќи вчитувањето на фотографиите автоматски праќа повик кон серверот на оној кој ја испратил пораката. Оној кој стои зад пораката треба да знае многу за да го искористи ова, но тоа значи дека моќните корпорации имаат повеќе шанси да ја користат можноста.

Добрите вести се дека промената може да се исклучи. Но повеќето луѓе веројатно нема да знаат за таа опција.

„Гугл“ го претстави проблемот во промената во последниот дел од објавениот документ: „Во некои случаи, оние кои ја испратиле пораката ќе може да знаат дали индивидуалецот ја отворил со уникатните врски на сликата. Секако, ние ги скенираме сите пораки во потрага по сомнителна содржина и доколку сметаме дека испраќачот или пораката се потенцијално опасни, сликите нема да бидат прикажани и ќе бидете прашани дали сакате да ги видите.“

Факултети

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1