Од сигурни извори дознаваме дека се спрема анимација, со која Охриѓани ќе ги „реметет“ Номче и Копров.
Бидејќи Наум Петрески победи во фолк вечерта со песна во која се спомува дека си оди дома кај мајка му за Бадник, а сега во Охрид пукаат „карпи од топло“, извесни охриѓани веќе подготвувале анимација, во која го цртаат Номчета како коледар со стапче, кое тропа на врата кај Копров, а Копров му дава награда.
Инаку, легендарниот композитор Григор Копрв е директор кој сака на својот роден град да му подари убав фестивал, и успева во тоа, но постфестум секогаш има вакви симпатични шеги.. Инаку, не би било тоа тоа.
За Копров има и една друга фестивалска анегдота, пред неколку години една Гркинка го виде, се препозна и рече- леле, еве го Арман Асанте