Охриѓани најмногу ја напуштаат Македонија – 313 охриѓани станале скопјани!


Според податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на 2013 година Охрид и понатаму води според бројот на иселени лица.

ohridairport

На прикажаната табела може да се приметат само уште неколку градови во земјава од кои се иселиле поголем број граѓани, како што се Битола од каде во 2013 заминале 304 лица, од Велес 244, од Гостивар 305, но меѓу сите наведени општини со најголем број иселени граѓани е Охрид од каде минатата година се иселиле 766 граѓани, од кои 534 во странски држави.

Тоа повторно го потврдува фактот дека во потрага по подобар живот голем број наши сограѓани се одлучуваат да заминат од градот и дека најубавиот град во земјава од година во година ги губи своите жители.

Алармантни податоци беа забележани и во текот на изминатите години. Според податоците на Државниот завод за статистика,  во текот на 2012 година, од „Бисерот на Балканот“ се отселиле вкупно 1296 охриѓани, од кои 983 во странство, а останатите во најголем број за место на живеење го избрале главниот град на земјава. 1069 лица од Охрид се отселиле во 2011 година, додека пак во 2010 и 2009 Охрид го напуштиле вкупно 1478 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1