Охридскиот еснаф на угостители со предлог-да се укине законот за заштита од пушење, кој забранува пушење на сите јавни места вклучувајќи ги и летните бавчи,кафулињата, рестораните, секаде каде се служи храна и пијалоци, Пишува Алфа ТВ.
Зимата е велат угостителите долга, а Охрид – празен. Ние се обидуваме со организирање на различни настани да го разбудиме духот на посетителите кои и во зима не го одминуваат Охрид, но со воведувањето на забраната за пушење, прометот драстично се намали.
Граѓаните пак поделени, едни велат пушењето е право на слободен избор, други пак предлагаат кога веќе го забранија пушењето пред неколку години, можеа да се сетат да направат локали за пушачи или непушачи. Вака, една целна група е задоволна, а поголемиот број граѓаните, оние пушачите, се незадоволни бидејќи на еден начин се дискриминирани.
За земја која е на второ место во Европа по бројот на пушачи, законот погодува половина од населението, велат охридските угостители кои за да не стават клуч на врата, монтираа вентилациски системи во објектите.