Основното јавно обвинителство – Скопје дава насоки и постапува по предметот за уапсениот функционер на Министерството за внатрешни работи, со иницијали Д.С., кој се сомничи за злоупотреба на службената должност.
Се очекува во текот на денов Јавното обвинителство да излезе со повеќе информации за случајот.
Од Министерството за внатрешни работи засега не кажуваат новини за приведувањето на нивниот функционер Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
По налог на Основното јавно обвинителство Д.С. вчера попладне беше приведен во полициската станица Кисела Вода, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“.