ОЈО утврдува евентуална кривична одговорност за смртта на 13-годишно девојче во Илинден


Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за трагичниот настан во општина Илинден, во кој  животот го загуби 13-годишно девојче, и на утврдување на евентуална кривична одговорност.

– Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност, соопшти Јавното обвинителство.

Во Полициското одделение Петровец било пријавено дека на ул. „2“ во населба Илинден-Скопје, на место викано „Бигла“, во ископ за темели за изградба на зграда (кој била полн со вода), паднало 13-годишно девојче од населба Илинден.

-На местото на настанот излегле екипи од СВР-Скопје, Итна медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита. Околу 15.00 часот, од страна на локалните жители, телото на девојчето било извадено. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1