Околу 1000 аџии од Македонија пристигнале во Мека – ќе се следи нивното здравје по враќање


Смртоносниот вирус на МЕРС и оваа година закана за аџиите во Мека. На масовниот светски собир има и над 1000 верници од Македонија. По враќањето во земјата ќе бидат 21 ден под засилен епидемиолошки надзор. Здравствените власти првата група ја очекуваат кон крајот на месецот.  Согласно препораките на Светската здравствена организација, за време на аџилакот со нив постојано има и медицински лица. Годинава ги придружуваат 20 лекари и десетина медицински сестри.kurban-bajram-

– Со нив секогаш има здравствени работници и тоа е согласно правилникот. По враќањето контроли има на граници и на аеродромот. Санитарните инспектори задолжително ги проверуваат и добиваат решение согласно кое мора да се јавуваат на контроли 21 ден. Симптомите на МЕРС можат да с епојават и 10 дена по заболувањето, вели Лилјана Лазаревска, Центар за јавно здравје на Скопје

Пред аџилакот верниците задолжително одат на превентивни прегледи во центрите за јавно здравје. Сите аџии од Македонија ја примиле  четиривалентната вакцина за заштита од менингит. За разлика од минатите години, сега не им биле потребни таблети против маларија бидејќи Саудиска Арабија повеќе не е дефинирана како ризична земја за оваа болест.

– Покрај прегледите добиваат и едукативен материјал како и совети што да избегнуваат и која храна да не ја конзумираат. Задолжително да пијат флаширана вода. Досега сме енмале проблеми за внес на некои од заразните заболувања, вели Лазаревска

Најголем број од македонските аџии во Мека заминале по сувоземен пат.  Овогодинешниот аџилак почнува во време на зголемено насилство на џихадистите како и бранот на опасниот вирус на МЕРС. Во светиот град се ангажирани околу сто илјади припадници на полицијата и над 25 000 здравствени работници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1