Овие 6 компании во Македонија прават најмногу пари


„Макпетрол“ прави најголем промет на македонскиот пазар, по него е „Македонски телеком“, па „Фершпед“, Усје, „Бетон Скопје“ и „Алкалоид“. Тоа се гигантите на македонската економија чии приходи од продажба на домашен пазар изнесуваат 300 милиони евра за половина година, пишува порталот Фактор.evra

„Макпетрол“, „Македонски телеком“, „Фершпед“, „Усје“, „Бетон Скопје“ и „Алкалоид“ се шесте домашни компании кои имаат најголеми приходи од продажба на македонскиот пазар, покажа истражувањето на „Фактор“ направено врз основа на јавни податоци објавени во базата на Македонската берза на хартии од вредност, кои официјално се објавени во неревидираните неконсолидирани биланси на овие компании за првите шест месеци годинава.

Во истражувањето беа вклучени параметри од 18 компании од различни економски сектори: градежништво, телекомуникации, производство на храна и пијалоци, лекови и медицинска опрема, градежни материјали, челични производи, угостителство, малопродажба, шпедиција, производство на текстил и производство на тутун и цигари како и трговија на големо и мало со нафта и нафтени деривати. Уште еднаш истакнуваме дека во истражувањето беа вклучени компании чии акции се тргуваат на македонскиот пазар на капитал и кои врз основа за законските одредби и правилата на берзата се обврзани и објавуваат финансиски извештаи.

„Макпетрол“ е компанијата која има најголеми приходи од продажба на македонскиот пазар. Компанијата во првите шест месеци има приходи од продажба во износ од 8,54 милијарди денари што изнесува околу 136,7 милиони евра и надминува третина од износот на најголемите шест компании. Во споредба со лани „Макпетрол“ изгубил 902,9 милиони денари приходи и го намалил своето пазарно учество за 15 милиони евра. Компанијата во последниве неколку години бележи загуби, а во последно време има сериозни нарушувања и на имиџот зашто имаше кривична пријава кон менаџментот од полицијата на што се приклучија и неколку ситни акционери. Повеќе за „Макпетрол“ можете да прочитате на следниот линк http://faktor.mk/2015/09/01/raboti-li-makpetrol-samo-za-bankite-i-za-oilko/

Македонски телеком е втора компанија според волуменот на приходи од продажба на домашниот пазар во првите шест месеци годинава. Тие изнесуваат 4,777 милијарди денари односно 77,54 милиони евра. Во споредба со лани оваа компанија бележи зголемување на продажбите на домашен пазар за 52 милиони денари, а години наназад е лидер на македонскиот телекомуникациски пазар.

Повеќе од текстот на Фактор на следниот линк.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1