Шпионот чија смрт со години е мистерија – умрел маскиран во жена?!


Гарет Вилијамс, агент на британската разузнавачка служба MI6, кој во август 2010. година бил пронајден мртов во заклучена патна торба, бил на тајна задача, маскиран во жена, тврди форензичарот Питер Фолдинг.

Експертот за дешифрирање, чие голо тело било пронајдено во торба со катанец во неговиот стан во Лондон, имал женска облека во вредност од 15.000 фунти, вклучувајќи и црвена перика и шминка.Gareth Williams

Полицијата која го истражувала случајот изнела претпоставка дека бил трансексуалец кој посетувал веб страни за запознавање, и дека настрадал при сексуална игра која тргнала на лошо.

Форензичарот Питер Фолдинг, меѓутоа, верува дека неконвенционалната облека му користела за работа, а не за лично задоволство.

“Главното прашање, кое никој не го поставува, гласи: “Дали таа облека му користела за работа?”. Сигурен сум дека да”, рекол Филдинг за весникот Sun.gareth-wiliams-agent-maskiran-zena-03

Овој експерт – кој ја отфрлил теоријата на Скотланд Јард, според која Вилијамс самиот се заклучил во торбата по 300 неуспешни обиди – верува дека MI6 ја финансирале неговата скапоцена гардероба.

Фолдинг вели дека велшкиот шпион сигурно делувал убедливо како жена, а неговата теорија би можела да се објасни затоа што неговите сосетки велеле дека гледале само жена која влегува и излегува од станот.

“Сигурен сум дека изгледал како вистинска жена. Бил слаб и имал женски црти на лицетот, а бидејќи се занимавал со велосипедизам, ги бричен и нозете”, вели тој.

Полицијата открила дека Вилијамс, кој од Владината служба за комуникации – “GCHQ” преминал во “MI6”, само десет дена пред смртта го посетил клубот “Бистротек” во источен Лондон, а три месеци подоцна и геј барот “Баркод”.

Полицијата тврдела дека математичарот бил сам во станот во населбата Пимлико и дека сам се заклучил во торбата за да доживее сексуално возбудување.

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1