Околу 1000 аџии по враќањето во Македонија ќе бидат 21 ден под надзор


Околу 1000 аџии кои заминаа во Мека, по враќањето во Македонија ќе бидат 21 ден под надзор на ДСЗИ и епидемиолошките служби. Нивното враќање кое се очекува за неколку дена, годинава ќе биде со поригорозни контроли и проверки. Причина се заразните и смртоносни МЕРС и ебола, пренесе порталот Здравство.MUSlimani molitva

Како што информираа од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, надзор ќе има на аеродромот Александар Велики како и на граничните премини за оние кои ќе дојдат по сувоземен пат. Ќе бидат проверени сите и ќе добијат задолжение да се јавуваат на лекар. Особено доколку добијат температура или некој друг симптом. Покрај поминувањето покрај термалната камера на аеродромот, инспекторите ќе ја контролираат и храната што ја носат аџиите. Бидејќи симпотмите можат да се јават и за десетина дена, ќе мора да бидат три недели под надзор. Пред нивното заминување, сите ги примиле потребните вакцини и добиле брошури како да се заштитат од ебола.

Освен аџиите, надлежните на аеродромот преку термалната камера ги контролираат сите патници. Посбено се внимателни со оние кои доаѓаат од ризичните земји. Неколку студенти од Нигерија веќе беа во карантин поради еболата. Но наместо ебола, студентот кој го хоспитализираа на Инфективна имал маларија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1