Мијалков ќе ја донира отштетата од „Фокус“ во Домот за деца без родители


Новинарот Владо Апостолов и уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова, ќе мора да ја платат досудената отштета од 6.000 евра, од судскиот процес што го изгубија од Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.

g_saso-mijalkov

Но, наместо на сметката на Мијалков, парите ќе треба да легнат на сметката на Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Вака одлучил Мијалков, а информацијата за „Плусинфо“ ја потврдил неговиот адвокат Антонио Апостолски.

– Мијалков нема да ги наплати парите, туку тие ќе бидат наменети за домот „11 Октомври“ – изјавил за „Плусинфо“ Апостолски.

Претходно, поединци и Здружението на новинари го повикаа директорот на УБК да се откаже од нематеријалната штета од 6.000 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1