Алармантните се податоци од систематските прегледи кои откриле дека 14.000 основци и 10.000 средношколци имаат искривување на рбетот, а оваа ситуација ги загрижи надлежните институции.
Министерствата за здравство и за образование веќе договориле часовите по физичко да бидат задолжителни како и досега, а наставниците да бидат обучени да даваат вежби за децата со сколиоза, објави Курир.