Според информации на весникот „Независен“ новите вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград.
Имено директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови.
Проверка се има направено и на целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови. Иако здравствените власти очекуваа резултатите од контролата да бидат готови порано, но велат дека ќе ги обелоденат денеска.