Оланд ја откачи љубовницата – и официјално се разделува од неа


Елисејската палата официјално соопшти дека претседателот Франсоа Оланд се разделува од Валери Триервеилер, јавува дописникот на МИА од Париз.

Valeri i olandВеста се очекуваше и таа не изненадува по откривањето на врската меѓу Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје на почетокот од годинава.

Самиот Оланд најави дека тој ќе ја разјасни ситуацијата во неговиот приватен живот пред заминувањето во САД, каде е поканет од семејството Обама. Според весникот Журнал ди Диманш, кој прв ја објави веста за официјализирањето на разделбата на претседателската двојка, Оланд и Триевеилер се договориле за разделбата минатиот четврток.

Валери Триервеилер ќе треба да ја напушти резиденцијата на претседателот на француската република Лантерн, во Версај и да се пресели во станот на улицата Коши во 15-от париски аронсисман.

Нејзиното патување во Индија нема да биде откажано, таа ќе го посети Бомбај во име на асоцијацијата Акција против гладот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1