Кадаиф – Рецепт на старите турци


kadaif500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје

Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимон сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1