Оланд во Москва:Русија и Франција ќе ги координираат нападите врз ИСИС


Русија и Франција ќе ги координираат своите напади врз позициите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, соопшти вечерва во Москва францускиот претседател Франсоа Оланд по средбата со неговиот руски колега Владимир Путин.

Како што јави ДПА, Оланд изјави дека неговите разговори со Путин биле фокусирани и на политичката иднина на Сирија, при што го повтори францускиот став дека сирискиот претседател Башар ел Асад неможе да игра клучна улога во земјата во иднина.oland putin

Од изјавата на Оланд останува нејасно дали координацијата на нападите портив ИД ќе се однесува само на Русија и Франција или со неа ќе бидат опфатени и останатите земји кои се дел од меѓународната коалиција за борба против џихадистите.

Русија досега настапуваше самостојно во нападите во Сирија, при што од Западот често беше обвинувана дека нејзина цел првенствено не се позициите на ИД, туку припадниците на „умерената опозиција“ што се борат против силите лојални на Асад, кој е клучниот сојузник на Москва на Блискиот Исток.

Посетата на Оланд на Москва доаѓа по уривањето на рускиот авион од страна на турското Воено воздухопловство во вторникот и еден ден откако француското Национално собрание синоќа одобри продолжување на мисијата на француските авиони за напади врз цели на ИД во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1