Олимпискиот факел потпали еден од неговите носачи


На поранешниот член на рускиот боб екипаж оd Зимските олимписки игри во Торини во 2006 година, Пјотр Макарчук, олимпискиот факел му го запали левиот ракав од јакната, но лицата од неговата придружба брзо реагирале гаснејќи го огнот, па минал без изгореници.

692c3712-084d-429d-acad-c2e295af8839Инцидентот со олимпискиот факел за претстојната зимска олимпијада која во февруари ќе се одржи во руското одморалиште Сочи, се случил во средата во сибирскиот град Абакан. Досега во најдолгата патека на олимпискиот оган во историја, при што факелот беше и во отворената Вселена и на дното од најдлабокото езеро на планетата и на највисокиот вулкан на европскиот континент, се случиле десетина инциденти, а најчесто проблем бил тоа што огнот неочекувано згаснувал.

Патот на олимпискиот оган за игрите во Сочи изнесува вкупно 65 илјади километри и ќе трае вкупно четири месеци.

Makfax

zapalen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1