Универзитетот за Туризам – Доби престижна светска награда


Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје е добитник на две престижни награди во областа на менаџментот, што ги доделува светски признатата Асоцијација за Менаџмент и консалтинг „OtherWays“ од Париз, Република Франција.

_0015_DSC_1687-1 (2)Доделувањето на наградите се случи во Женева на 18-ти ноември 2013 година во „Grand Hotel Kempinsky“, каде на Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. Д-р. Аце Миленковски му беа доделени двете награди, кои го потврдуваат квалитетот и престижот на оваа институција во светски рамки, односно „THE MAJESTIC FIVE CONTINENTS AWARD FOR QUALITY AND EXCELLENCE“ и „TOTAL QUALITY MANAGEMENT APTITUDE SEAL FOR HIGH QUALITY PERFORMANCE AND BEST CUSTOMER SATISFACTION“.

За време на гала вечерата, пред дипломатски претставници и присутни медиуми беше одржана свечена церемонијата за доделување на награди и сертификати на веќе одбраните компании од целиот свет. Менаџерите на компаниите добија награди како признание за нивните достигнувања во ширењето на културата и нивната заложба за квалитет и тежнеење кон совршенство. На оваа церемонијата која носеше наслов „Majestic Five Continents Awards, наградите и сертификатите им беа доделени на околу 50-тина компании од целиот свет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1