Олимпискиот шампион во велосипедизам се повреди на трката – во болница е


Швајцарскиот велосипедист Фабијан Канчелара, олимпискиот шампион на хронемтарската трка, е префрлен во болница во Олимпиското село поради повреда добиена од падот на денешната друмска трка.

Канчелара, кој беше лидер во групата, на 15 километри до целта, ја промаши кривината по што удри во заштитната ограда. Шампионот сепак успеа да се врати во трката, но, беше забележително дека има проблем со десната рака, поради што поголемиот дел возеше со една рака. Денешната трка која се возеше во Лондон во должина од 250 километри, Канчелара ја заврши на 106 место. Швајцарецот е четрикратен светски шампион на хронометар и актуелен олимписки првак. Засега е неизвесно дали Канчелара ќе успее да се опорави до среда, кога на ОИ ќе се вози трката на стоперица, дисциплина во која Швајцарецот беше најдобар пред четири години во Пекинг.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1