Оливија Њутн-Џон по трет пат се бори со ракот


Оливија Нутн-Џон во едно интервју призна дека по трет пат и е дијагностициран рак. Таа со оваа болест се бори веќе полни три децении.

Австралиската актерка Оливија Њутн-Џон, која кон крајот на септември полни 69 години, гостувајќи на канал во телевизијата „Seven“, откри дека ракот повторно и се вратил, пренесува „USA Today“.

На прашањето дали се плаши, таа вели дека постојат моменти на страв, но дека верува дека може да победи.

„Не можам да кажам дека во некои моменти не ми е страв, и јас сум човек. Но, мојот сопруг е овде за мене и тој секогаш ме поддржува. Верувам дека ќе победам, тоа е мојата цел“, вели оваа храбра жена.

Оливија со ракот се бореше во две ситуации претходно. Прв пат во 1992 година се лекуваше од рак на дојката, а после успешното оздравување, докторите во 2013 година и пронајдоа тумор во нејзиното рамо, после сообраќајна несреќа во која учествуваше актерката.

Во интервјуто, Њутн ги откри своите методи на лековување. Освен третманот радиотерапија, кој се спроведува под надзор на доктор, таа се труди нејзината исхрана да биде што е можно поздрава и користи масло од канабис за полесно да ги поднесе болките.

Сепак, Оливија вели дека оваа борба со ракот ќе ја задржи за себе.

„Претходно зборував за тоа, сега мислам дека навистина нема потреба. Едноставно, сметам дека тоа е нешто што не треба да се споделува со другите луѓе. Станува збор за мојот живот и одлучив ова да го чувам за себе“, вели таа.

Покрај тоа што Оливија со бори со рак, од оваа опасна болест боледуваше и уште еден член на нејзиното семејство.

Пред пет години нејзината сестра почина, шест недели откако и беше дијагностицирана агресивна форма на рак, кој го зафати нејзиниот мозок.

Њутн е навистина храбра жена, па се надеваме дека актерката ќе успее повторно да излезе како победник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1