Дајана поради него сакала да остави се: Почина љубовникот на принцезата


Некогашниот љубовник на принцезата Дајана, Оливер Хоар (73) почина во Франција после долгогодишната борба со тешката болест.

Оливер беше трговец на уметнички дела и долгогдишен пријател на принцот Чарлс, но и на Дајана опсесија и голема љубов.

Како што се шпекулирало, Дајана и Оливер почнале афера по смртта на таткото на принцезата, Ерл Спенсер, во март 1992 година.
Ниваната афера завршила кога неговата сопруга му се заканила со развод и тоа поради што обезбедувањето на палатата наводно го нашле Оливер полугол како се крие позади едно дрво на имотот.

Дајана и се доверила на една пријателка дека животен сон и било да побегне со Оливер и да живее во Италија.

Како што наведуваат британските медиуми, Дајана по разделбата била вознемирена и почнала да го прогонува со повици. Неговата сопруга повикала полиција бидејќи деноноќно им ѕвонел телефонот и тогаш откриле дека повеќе од 300 пати било ѕвонето од домот на Дајана.
После тоа полицијата соопштила дека истрагата е прекинета на барање на господинот Оливер.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1