Ослободителната национална армија ја презеде одговорноста за пукањето кон Влада што се случи на 28 октомври вечерта, кога беа испукани два проектили кон Влада.
Во соопштение испратено до телевизијата Алсат-М на коешто се наоѓа амблемот на ОНА, се вели дека нападот го изршила нивната елитна единица „Хасан Приштина“ на 28 октомври, а како што се вели цели биле зградата на Владата, на Судот, а биле предвидени акции и врз полициски станици.
„Вечерта на 28 октомври, од 20:30 часот до 21:00 специјалните единици „Хасан Приштина“ кординирано ја нападнаа зградата на Владата, Судот и во фокусот беше напад врз една полициска станица во Скопје. Нападот врз ПС во Скопје не се случи за да не дојде до човечки жртви“, се вели во соопштението на ОНА потпишано од страна на Куштрими.
Во соопштението се наведува дека не се задоволни од спроведувањето на охридскиот рамковен договор и ги повикуваат да реагираат меѓународните институции.
Охридскиот договор не се реализира. Тој е толку влошен што неможе полошо и да биде. Одолговлекувањето за негово исполнување, пристапот на шовинистичката влада кон Албанците, македонскиот терор на шовинистичката влада допира дури до албанските фамилии, секаде и кога сака, на улици и по училишта. Монтирани случаи, групи хулигани организирани од државни инститиуции, малтретираат фамилии, населби и албански деца“ се вели во соопштението.
Тие ја повикуваат меѓународната заедница да реагира и апелираат дека Албанците во Македонија сакат во Европа, а не да се вратат кон Русија.
„Албанскиот политички фактор особено оние во Владата да ја видат бедната ситуација на Албанците во Македонија. Шовинистичката влада на Македонија секојдневно се стреми полека, полека кон Русија по урнекот на Србија. Албанците не го сакаат ова. Евроатланските интеграции водат кон просперитет. Ние сакаме како што ја делиме заедничката судбина да делиме исти можности и слободи“, пишува во соопштението.
Од МВР, вела дека најпрвин ќе проверат за која организација станува збор, па потоа ќе излезат со информација.