Опасен вид на птичјиот грип откриен на фарма за кокошки


Холандските власти соопштија денеска дека на една фарма во централниот дел на земјата откриле високо патоген вид на птичјиот грип и воведоа привремена забрана за транспорт на живина во радиус од еден километар околу сите живинарски фарми во Холандија.virus pticji grip

Во соопштението на холандската Влада се наведува дека новооткриениот вид на грип е смртоносен за живината, но и дека од него може да се заразат и луѓето.

Властите синоќа најавија дека на фармата, на која е откриен птичјиот грип, во селото Хекендорп во централна Холандија, ќе бидат уништени околу 150 илјади парчиња живина.

Холандија во 2003 година беше погодена од вирусот Х7Н7 на птичјиот грип и тогаш здравствените власти уништија околу 30 милиони птици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1