Опасна бактерија се шири меѓу пациенти со цистична фиброза


Опасна бактерија се шири меѓу болните од цистична фиброза. Бактеријата бурколдерија цепација која предизвикува брзо откажување на белите дробови е откриена кај неколку лица на Институтот за микробиологија, јавува Сител.

Laboratorijski-testoviОваа бактерија многу лесно се пренесува, а тешко се лекува. Пациентите кај кои досега е откриена бактеријата успешно биле третирани на Детската клиника. Алармантна е состојбата и со ширењето на опасната МРСА меѓу овие болни. Изолирана е кај една третина од 128-те лица со Цистична фиброза. И двете бактерии се отпорни на многу антибиотици.

Надлежните уверуваат дека во Македонија има современа терапија за лекување на вакви опасни бактерии.

-Имаме современи антибиотици од најновата генерација за третман на овие болни, но самите пациенти се лекуваат со комбинирана терапија за да не покажат резистентност, вели Катерина Алексовска, директор на Бирото за лекови.

Според здружението за Цистична фиброза единствен начин да се спречи ширењето на овие болнички бактерии е да се направи посебен Центар за овие болни. За оваа сериозно размислуваат и од Детската клиника каде се лекуваат најголем дел од болните.

-Нашата идеја на Детската клиника е да се направи центар за Цистична фиброза во кој ќе бидат згрижени сите дечиња, вели д-р Аспазија софијанова, директор на Клиниката за Детски болести.

Цистичната Фиброза е генетско заболување кое се манифестира со зголемен секрет во белите дробови што е една од главните причини овие лица лесно да добијат опасни инфекции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1