Најзгодниот апарат во Америка, микробрановата печка се чини во денешно време е апсолутно неопходна. Во моментов овој апарат е присутен во најмалку 90% од домовите во Америка, кои благодарение на нивната способност, можете да ја подготвувате и подгревате храната или пијалоците на едноставен и брз начин.
Начинот на кој микробрановите работат и влијаат на вешето здравје:
Кратко и јасно кажано, микробрановата печка е кујнски апарат од кој во периодот кога го користите за подгревање на храната, од истиот се емитуваат микробранови честици. Тие се во форма на електромагнетно зрачење и се на ниска енергија од енергетскиот спектар, нешто како емитување на радио бранови. Брановите се генериран од нешто што се нарекува магнетроно.
Magnetrons произведува електромагнетно поле со микробранова фреквенција од околу 2450 мегахерци,што е еквивалентно на 2,4 Gigahertz. Микробрановите произведени во рамките на микробрановата печка се причина за dialectric греење – отскокнуваат низ внатрешноста на печката и се апсорбираат од страна на она што е ставено во рерната.
Со цел нешто да се згрее во микробрановата печка, мора да има и вода во рамките на супстанцијата. Доколку нема вода, нема да има ни греење. Причината за ова е дека молекулите на водата во храната вибрираат со неверојатна брзина, создавајќи молекуларно триење кое е одговорно за загревање на храната. Структурата на молекулите на водата се растргнати и енергично деформирани.
Ова е многу различен од кој друг метод на готвење.
Многумина се прашуваат зошто храната често нерамномерно се загрева кога е извадена од микробрановата. Нерамномерното греење се случува бидејќи микробрановите работат со присуството на водените молекули. И бидејќи храната не содржи на сите места иста количина на вода, греењето станува нерамномерно.
Готвењето на храната започнува од надворешните слоеви и се загрева кон внатрешните. Затоа често пати кога ќе ја извадите храната, однадвор, истата изгледа потопла за разлика од внатрешниот дел.
Микробрановите се всушност зрачење. Класифицирани се како нејонизирачко зрачење – зрачење кое може да го промени атомот, но не е доволно силно да ја смени нивната структура, состав или својство. Иако нејонизирачкото зрачење не е доволно силно за да се смени структурата на атомите, таа се уште може да предизвика физичка промена.
Чист пример за тоа како нејонизирачкото зрачење може да ви наштети е штетата причинета на вашата кожа и очи предизвикани од сонцето.
Кога користите микробранова, за да подготвите нешто бидете свесни дека самите се изложувате на микробранова радијација. Други форми на јонизирачкото зрачење се видливата светлина, ултравиолетовите и инфрацрвените бранови, како оние бранови кои се емитирани од телевизорите, мобилните телефони и електричните ќебиња.
Иако студиите се направени со цел да се видат ефектите од зрачењето, повеќето од овие студии се направени на кратко изложување со повисоки интезитети. Микробрановите фреквенции се многу слични на фреквенциите на мозокот.
Ефектите од микробрановите на вашиот мозок се поголеми од истите тие бранови на било кој друг дел од телото.
Денес живееме во технолошки напреден свет. Постојано сме бомбардирани со зрачење со сите предмети околу нас, радијата, телевизорите, мобилните телефони, микробрановите печки, компјутерите, сателитите, антените. За жал радијацијата не исчезнува со текот на времето, туку таа само се акумулира.
Направените досегашни студии, заклучуваат дека зрачењето е безбедно, но никој не знае што навистина ова значи на долг рок.
Но, еве што знаеме:
Никој не треба да користи микробранови печки. Ова особено важи за семејства во кои има бремени жени или бебиња, како и луѓе кои страдаат од некои болести.
Микробрановата радијација може да предизвика, гадење, проблеми со видот, депресија и раздразливост, ослабен имунолошки систем, главоболки, вртоглавица, несоница, често уринирање и др.
Микробрановата радијација може да биде причина за лимфните нарушувања, што доведува до намалена способност да се спречат некои видови на рак.
Микробрановите за првпат биле измислени од страна на нацистите, со цел да обезбедат метод на готвење за нивните војници за време на Втората светска војна. Гледајќи како овие микробранови печки биле експриментални и нови, биле превземени од одделот за истражување на САД. Од друга страна пак Русите спровеле длабоко истражување за да ги откријат биолошките ефекти кои би можеле да ги имаат. Резултатите биле неверојатни, но доволни за да оваа направа биде укината уште веднаш.
За крај како заклучок нешто со кое што се согласуваат сите научници е дека секоја храна подготвена во микробранова печка, значително губи од нејзината хранлива вредност.