Oпасно или не, кучето на улица мора да биде врзано – казни од 30 евра ако не е


Од почетокот на годината до декември на Инфективната клиника во Скопје се јавиле 871 граѓанин каснати од куче.

kuce setaОд нив, 113 беа каснати од непознато куче, односно од бездомници, а 758 беа каснати од кучиња што имале сопственици. Важно е тој што ќе го касне куче во рок од 24 часа да се јави на матичен лекар, кој во зависност од раната ќе го испрати или на хируршка клиника или во општа болница на инфектолог. Потоа се одредува стереолошки или вакцинален третман

Секој сопственик на куче на влезната врата треба да постави табла со која се укажува на присуство на куче, без разлика дали е опасно. Kучето на јавно место задолжително мора да се води со подводник, а ако е опасно, мора да носи и корпа преку устата, освен на специјални места, како паркови за миленици, каде што кучето може слободно да трча во присуство на сопственикот. Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) подготви измени и дополнувања на Законот за благосостојбата на животните, со кој, меѓу другото, се уредуваат обврските на сопствениците на домашни миленици. Со измените се отвора можност за поефикасно казнување на сопствениците на кучиња, кои често ги шетаат по улиците и парковите без синџир и без корпа и неретко се случува граѓани да бидат каснати.

Kазна од 30 евра во денарска противвредност ќе добие сопственикот што не го води кучето врзано. Ако го напушти миленикот, ако ја поттикнува агресивноста и врши хируршки интервенции, казната изнесува 150 евра. Оној што нема да го пријави кучето на ветеринар ќе биде казнет со 30 евра, а толкава е казната и ако на влезот нема табла „пази куче“. Со 3.000 евра ќе се казни физичко лице ако предизвикува болки, патење или повреди на животните. Овие законски одредби и казни ќе ги спроведуваат и државните и општинките комунални инспектори.

Повеќе на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1