ОПАСНО ВРЕМЕ: Прочитајте на кои места е поставена тревога “жолта фаза”


Oд Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат многу нискa температурa, а три региони од земјава ќе бидат во жолтата, односно предупредувачка фаза.pat nokj sneg 2

Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево се прогласени за критични региони, а температурата во тие делови од земјава ќе се движи од – 10 до – 17 Целзиусови степени, посебно во утринските часови.

Се очекува до крајот на неделата да преовладува пониска температура во овие региони.

Граѓаните од целата држава, а особено од градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Берово, и др., треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од ниската температура, како што се: носење топла облека и соодветни обувки за снег или мраз, редовно консумирање топли напивки, избегнување подолг престој на отворено освен ако не е неопходно, како и внимателно движење по лизгави површини.

Во согласност со препораките, посебно треба да внимаваат ранливите категории на население, како што се повозрасните и хронично болни лица, кои покрај почитувањето на општите препораки, треба и редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Мета

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1