Опивањата со алкохол во младинските години можат да нанесат долготрајни оштетувања на мозокот, како и да доведат до алкохолизам во постара возраст, покажуваат резултатите од најновото истражување. До ова доаѓа, бидејќи “огнената вода”, може да доведе до трајни промени на ДНК.
Измените на ДНК и оштетувањето на мозокот можат да ги изложат тинејџерите на ризик од анксиозни растројства и алкохолизам, тврдат научниците. Алкохолот ги менува гените во мозочните клетки, што става крај на создавањето на врски помеѓу клетките, како резултат на што се доаѓа до промени во однесувањето. Сепак научниците даваат надеж дека со лек против рак штетите можат да бидат надминати.
Проф. Панди од колеџот за медицина во Илиноис универзитет објаснува дека пијанствата на малдите го оштетуваат нормалниот развој на мозокот: “Нашето истражување го покажа механизмот како пиењето во адолесценцијата може да доведе до трајни промени кои се изразени во анксиозност и алкохолизам кај возрасните . Мозокот не се развива како што треба, како резултат на што се добиваат трајни промени во однесувањето. “
За време на истражувањето, проф. Панди и неговиот тим тестирале лабораториски глувци на возраст од 28 дена, за да проверат како влијае на нивниот мозок алкохолот, пишува “Дејли мејл”. Шемата била 2 дена со алкохол, три дена без, а експериментот продолжил 13 дена.Стаорците, на кои им бил даван алкохол го промениле своето однесување и измените продолжувале долго по завршувањето на поднесувањето на алкохол.