Опомена пред тужба за неплатен само јули – БЕГ за парно на пола Скопје му испрати претечки писма за тужба


БЕГ на половина град му испратил непријатни опомени пред тужба, а на некои за само неплатен еден месец и тоа минатиот јули, бидејќи сметките за август нормално се уште не се стасани.

Граѓаните револтирани од односот на компанијата бараат од инспекциите да ги заштитат од вакви ШОК писма и тоа непотребно.

Писмото е со крајно непријатна содржина – неплатен долг, ќе ви активираме извршител, ќе ве тужиме, ќе платите судски трошоци, нотарски трошоци и така натака – содржина која секого ќе вознемири.

На крајот дури има и пресметка во која се вели за извршител треба д аплатите 0 денари, за судски трошоци 0 денари. Значи писмото единствено има за цел да ги уплаши граѓаните од евентуални тужби.

,,И се би било во ред да се работи за неплатени неколку месеци или голем долг но за една сметка ова навистина е безобразно од БЕГ,, велат за МкNews граѓаните кои ни ги испратија овие фотографии.

Тие се јавиле во компанијата од каде им било речено дека донесена е одлука и сите кои немаат платено било каква сметка до 08 2015 ќе бидат тужени.

e57eb40bd576d87c77291f2a23f6924bc21f4947bf198b3122059288511af3ca d8dd11a39679634e9d913ca292c1ce2807031eecefdab37bab663ee83ce91f21

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1